-->
-->
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-->
Српското здружение за заштита на потрошувачите „Ефектива“ повика на обновен бојкот на трговскиот синџир Макси (Мaxi) поради високите цени, а идејата е бојкотот да трае цел април.
„Борбата за пониски цени на храната е во тек. Не влегувајте, не купувајте“, порачаа од Ефектива во објавата на социјалната мрежа Х.
Според нив, доколку Maкси ги намали цените, ќе мораат сите други трговски синџири.
На повик на тоа здружение, од јануари траат бојкоти на малопродажните синџири – првично имаше еднодневен, па петдневен бојкот на петте најголеми трговски синџири: Делезе (Макси и Шоп&Го), Меркатор (Рода и Идеа), ДИС, Универекспорт и Лидл. зш/
Потоа следеа еднонеделни бојкоти на поединечни синџири, од кои прв беше Maкси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец