Зеленски: Ако се сретнам со Путин, ќе разговарам за брзо завршување на војната, а не за историја

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ако се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, нема да води историски дебати туку ќе разговара за брзо завршување на војната.
- Постои безбедносен проблем. Против нас се води голема војна. Тоа се нашите животи. Единственото за што сакам да разговарам со него, според моето мислење, мораме успешно да го решиме ова. Мислам дека брзо ќе ја завршиме оваа војна. Затоа сакам да разговарам само за такви работи - наведе Зеленски во интервју со британскиот новинар Пирс Морган.
Зеленски нагласи дека не се потребни „сите тие историски приказни за да заврши војната и да се премина на дипломатија“.
- Не сум прочитал помалку историски книги од Путин. И научив многу. Знам повеќе за неговата земја отколку тој за Украина. Едноставно затоа што сум бил во многу градови во Русија. И познавам многу луѓе таму. Тој никогаш не бил толку многу пати во Украина. Тој бил само во големи градови. Јас бев во мали градови. Од север до југ. Насекаде. Го знам нивниот менталитет. Затоа не сакам да губам време на сите овие работи - наведе Зеленски.
Ново на Сител
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
-

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремен дожд, на планините врнежи од снег
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
