Зеленски ги повика светските лидери на итна акција против Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во денешното обраќање пред Генералното собрание на ОН ги повика светските лидери на итна акција против Русија.
Тој истакна дека само со сила може да се гарантира мир.
– Само ние можеме да ја гарантираме сопствената безбедност. Нема безбедносни гаранции, освен пријатели со оружје – посочи Зеленски, додавајќи оти Русија одбива примирје.
Според него рускиот претседател нема да застане и ќе ја турка војната „понапред, пошироко и подлабоко“.
– Украина е само првата. Руски беспилотни летала веќе летаат низ цела Европа. Запирањето на Путин сега е поевтино отколку обидот да се заштити секое пристаниште од терористи со морски беспилотни летала. Запирањето на Русија сега е поевтино отколку да се прашувате кој ќе биде туристот што ќе создаде беспилотно летало со нуклеарна боева глава. Запрете го Путин сега или страдајте и платете – нагласи Зеленски.
Тој предупреди и на ризик од руско мешање во Молдавија, при тоа потсети на предупредувањето од претседателката на Молдавија, Маја Санду дека Русија троши милиони за да влијае врз претстојните избори.
– Веќе ја изгубивме Грузија во Европа. Човековите права и европската природа на државниот систем таму само се намалуваат. Грузија е зависна од Русија, а Белорусија исто така се движи кон зависност веќе многу години. Европа не може да си дозволи да ја изгуби и Молдавија – наведе Зеленски.
Тој го заврши говорот истакнувајќи оти имал „добар“ состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк.
– Правиме сè за да осигуриме дека Европа навистина помага и сметаме на САД. Мирот зависи од сите нас во ОН. Не молчете додека Русија ја продолжува оваа војна. Ве молиме, проговорете и осудете ја. Придружете ни се во одбраната на животот и меѓународното право. Луѓето чекаат акција – потенцира Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме, поразен со 31:28
-
Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС
-
Предупредување од експерти: Ковид беше само најава на катастрофата што следи
-
Нетанјаху: Признавањето палестинска држава е срамно предавање пред тероризмот
-
Милановиќ во ОН: Да се избегнат акции што ја поткопуваат стабилноста на Балканот
-
Мицкоски и Љутков ќе извршат увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“
-
Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас