Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија.
– Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска го враќам во Парламентот со мојот потпис, наведе Зеленски.
Тој изрази благодарност до кралот Чарлс Трети за неговата непоколеблива поддршка.
– Кога тиранијата повторно ќе ја загрози Европа, сите мора да останеме цврсти, а Велика Британија продолжува да игра водечка улога во одбраната на слободата на многу фронтови. Заедно постигнавме многу, а со поддршка на слободољубивите нации – Велика Британија, нашите европски партнери и САД – продолжуваме да ги браниме вредностите и да го заштитуваме човечкиот живот. Обединети сме во нашите напори да ја направиме дипломатијата ефикасна и да обезбедиме траен мир за европскиот континент, истакна Зеленски.
Врховната рада со 295 гласови „за“ го ратификуваше Договорот за стогодишно партнерство меѓу Украина и Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
-
Изминатото деноноќие 25 пожари, под контрола пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Полска ракета веројатно погодила куќа во источна Полска за време на упадот на руски дронови, вели полскиот министер за одбрана
-
Европа се бори со недостиг на лекови, предупредуваат ревизорите
-
Два предлога за гласање недоверба на Европската комисија
-
Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација
-
Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија
-
Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево