Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја ќе ги запре нападите врз руските рафинерии, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп, доколку Вашингтон му обезбеди на Киев ракети-пресретнувачи „Патриот“.
Зеленски изјави за „Фокс њуз“ дека имал „неколку различни разговори“ со американскиот претседател и неговиот тим на таа тема.
„Рековме: Ако сакате да не напаѓаме руски рафинерии, тогаш тие (Русите) не смеат да го нападнат нашиот енергетски систем. Друга опција е: Дајте ни ракети „Патриот“, рече украинскиот претседател.
Тој изјави дека, доколку Вашингтон ги обезбеди тие системи за ПВО, што служат за пресретнување руски дронови и ракети, во рок од еден месец, Киев ќе ги запре нападите врз руските рафинерии.
На прашањето дали се плаши дека тоа може да се сфати како обид за „вршење притисок“ врз американскиот претседател, украинскиот претседател одговори негативно.
„Не ме загрижува изнесувањето вистина меѓу партнерите“, рече Зеленски.
Стејт департментот во петокот објави дека администрацијата на Трамп одобрила продажба на 500 ракети „Патриот“ на Украина.
Сепак, украинскиот претседател предупреди дека испораките би можеле да траат со години, а воените власти во неговата земја со недели предупредуваат за исцрпувањето на залихите.
МИА
Ново на Сител
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
-

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето
