Зеленски ѝ наложи на владата да подготви пакет мерки за помош на граѓаните за претстојната зима

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска објави дека ѝ наложил на владата да подготви и предложи пакет мерки за помош на населението во текот на зимата.
„Пакетот ќе вклучува директна финансиска помош, како што беше обезбедена минатата година, и посебни средства за најранливите социјални групи“, наведе тој на X.

Зеленски додаде дека по состанокот со премиерката Јулија Свириденко и министерот за социјална политика Денис Уљутин, наредил подготовка на посебна програма за превоз за сите граѓани на Украина наречена UZ-3000. Врз основа на оваа програма, секој граѓанин на Украина ќе може да патува бесплатно во земјата по железничката рута по свој избор, со вкупна должина од 3.000 километри.
„Исто така, разгледуваме проширување на медицинските програми, вклучително и проектот за прегледи подготвен од Министерството за здравство, што ќе им овозможи на граѓаните да обрнат поголемо внимание на своето здравје, а програмата треба да започне од јануари“, додаде Зеленски.
Според него, цените на гасот и електричната енергија за домаќинствата дефинитивно ќе останат фиксни и оваа зима и нема да има зголемување.
МИА
Ново на Сител
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
-

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
