Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Икс дека ѝ се заблагодарил на Урсула фон дер Лајен и на „целата Европска Унија“ за 17-тиот пакет санкции против Русија, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.
Тој наведува дека важно е да се воведат строги ограничувања врз руската флота танкери, која служи за финансирање на убиствата, како и врз сите шеми што Русија ги користи за зајакнување на својата воена индустрија.
-Колку е поголем притисокот врз Русија, толку повеќе стимул ќе има Москва да се движи кон вистински мир. Разговаравме и со Урсула за подготовките за 18-тиот пакет санкции на ЕУ. Руската нафта, енергетската инфраструктура, банките и финансиските шеми – ова се областите што најмногу влијаат врз Русија и затоа најмногу придонесуваат за мирот. Им благодарам на сите што се залагаат за построги санкции и донесуваат решителни одлуки. Детално разговаравме и за вчерашниот разговор со претседателот Трамп и нашата заедничка дипломатска соработка со нашите партнери. Европа мора да биде вклучена и ние го координираме секој чекор што е можно поусогласено, напиша Зеленски.
Ново на Сител
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето