Зеленски: Инвазијата на Украина не е крај на плановите на Русија
Откако руски генерал изјави дека Русија сака целосна контрола врз јужна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската инвазија на неговата земја е само почеток и оти Москва има планови да заземе и други земји.
– Сите народи кои како нас веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Тие мора да ни помогнат, бидејќи ние сме први во редот, но прашање е кој ќе биде следен, нагласи Зеленски во видео обраќање.
Тој рече дека коментарите на руската армија за потребата од создавање врска со Молдавија на украинскиот фронт, укажуваат на тоа дека Москва сака да изврши инвазија и на други земји.
Руските државни новински агенции претходно го цитираа Рустам Минекаев, заменик командант на рускиот централен воен округ, кој рекол дека „целосната контрола на јужна Украина ќе овозможи пристап до Придњестровје, отцепен дел во западна Молдавија“.
Украинскиот претседател додаде и дека сојузниците конечно почнале да доставуваат оружје како што барал Киев, нагласувајќи дека тоа ќе помогне „да се спасат животите на илјадници луѓе“
Ново на Сител
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
