Свет
5. August 2026 - 16:48

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се трипати помали од 2025 година и ги повика политичарите во сојузничките земји да одобрат повеќе испораки.

– Ова се однесува не само на овој летен период, туку и на кој било период во првата половина од оваа година, наведе Зеленски во објава на Икс.

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили почнаа масовен напад врз главниот град на Украина, Киев, а руската противвоздушна одбрана не успеа да пресретне ниту една од ракети.

МИА