Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа

Соочен со зголемен притисок од САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не прави понатамошни отстапки кон Русија и во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека укинувањето на санкциите ќе ја направи Москва посилна, јави ДПА.
„Мојот став кон Путин е апсолутно јасен. Верувам дека ако ги укинеме санкциите, ќе го направиме и него посилен…Ова не е нешто лично меѓу мене и претседателот Трамп и секако сум против какво било укинување на санкциите“, изјави Зеленски.
Односите меѓу САД и Украина нагло се влошија во изминатите недели.
Зеленски рече дека Трамп е „на погрешната страна од историјата“ откако склучи договор со рускиот претседател Владимир Путин за дизел гориво и ги укина санкциите кон Русија.
Исто така, имаше извештаи дека основачот на СпејсИкс, Елон Маск, наредил ограничување на брзината на сателитската интернет услуга Старлинк, што е клучна за украинската војска.
Украинскиот претседател рече дека неговата средба во Осло со американскиот преговарач Стив Виткоф била продуктивна, но додаде дека не е убеден дека Путин е подготвен за мир.
„Ако му дадете нешто на Путин, тој ќе бара сè. Тој ќе бара сè“, рече Зеленски, додавајќи дека затоа очекува партнерите на Украина да не му дадат можност да стане посилен.
МИА
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
