Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку осум лица, вклучувајќи едно дете, загинале во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев.
Зеленски изјави на X дека тимови за итни интервенции моментално ги чистат урнатините на петкатната станбена зграда, додека потрагата по евентуални преживеани продолжува.
„Ова е уште еден масовен напад врз нашите градови и заедници. За жал, веќе е потврдено дека најмалку осум лица загинале, а десетици се ранети. Луѓето може сè уште да бидат заробени под урнатините“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател остро ја критикуваше Русија за продолжување на нападите, тврдејќи дека „Русија избира ракети наместо преговарачка маса“ и дека „продолжува да убива наместо да ја прекинува војната“.
Тој, исто така, рече дека Русија не покажува страв од последиците од своите постапки, додека дел од меѓународната заедница, како што изјави, „ги затвора очите пред воените злосторства и бара изговори за Путин“.
Зеленски повика на остри санкции против Русија, нагласувајќи дека „сите рокови се пробиени и десетици можности за дипломатија се уништени“.
„Очекуваме реакција на Кина на она што се случува. Кина постојано повикува на неширење на војната и на прекин на огнот. Па сепак, тоа не се случува поради Русија. Очекуваме реакција и од Унгарија. Смртта на децата сигурно треба да предизвика многу поголеми емоции од сè друго“, напиша Зеленски.
Тој нагласи дека Русија мора да биде одговорна за сите напади и за сите жртви на војната.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги