Зеленски: Преговорите меѓу Киев и Вашингтон за воена помош од САД продолжуваат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во своето традиционално вечерно видео обраќање до нацијата изјави дека преговорите меѓу Киев и Вашингтон за нова воена помош од САД за Украина продолжуваат.
„На еден или друг начин, мора да обезбедиме заштита на нашите граѓани“,рече Зеленски.
Тој додаде дека се подготвени нацрт-договори за финансирање на производството на оружје со Данска и други партнери.
Застојот во воената помош од САД е поврзан со загриженоста во Вашингтон за намалувањето на залихите на оружје од САД, забележува ДПА.
Агенцијата потсетува дека украинското Министерство за надворешни работи вчера го повикало заменик-шефот на дипломатската мисија на САД во Киев, Џон Гинкл, за да разговара со него за делумното замрзнување на испораките на оружје од САД, кое беше одобрено од претходниот американски претседател Џо Бајден.
Во меѓувреме, Зеленски на социјалната платформа Икс напиша дека за време на состанокот со претставници на американски компании кои се членки на Американската стопанска комора, јасно ставил до знаење дека Украина се потпира на нив.
„Американското оружје го штити не само украинскиот народ, туку и странските бизниси во нашата земја“,рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски