Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска потврди дека води разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за можно распоредување на американски трупи во Украина, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од Вашингтон.
На прашањето дали САД, во рамките на безбедносните гаранции, разгледуваат распоредување свои сили во Украина, на линијата на разграничување или на границата, Зеленски наведе дека таквата одлука може да ја потврди единствено претседателот на САД, пренесе Укринформ.
– Тоа, искрено, може да го потврди претседателот на Соединетите Американски Држави. Станува збор за американски трупи и Америка носи такви одлуки. Се разбира, за тоа разговараме и со претседателот Трамп и со претставниците на Коалицијата на подготвените, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина би сакала да види американски трупи на своја територија како дел од безбедносните гаранции, оценувајќи дека тоа би претставувало силен дел од системот на безбедносни гаранции
МИА
Ново на Сител
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
-

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
-

Министерот за здравство Алиу ќе ги посети првите новородени бебиња годинава
