Свет
22. March 2026 - 11:41

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа истакна дека украинската делегација имала средба со претставниците на САД и дека разговорите ќе продолжат денеска.

„Важно е за сите нас во светот дипломатијата да продолжи и да се обидеме да ја завршиме оваа војна – војната на Русија против Украина. На никој не му е потребна војна. Тимовите ќе продолжат да комуницираат утре“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Укринформ.

Според него, најважно е да се разбере колку е подготвена руската страна да оди до вистинскиот крај на војната и колку се подготвени да го сторат тоа чесно и со достоинство.

МИА

Ново на Сител