Свет
20. May 2025 - 14:13

Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Телеграм објави дека Русија купува време за да ја продолжи војната.

-Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за продолжување на војната и окупацијата, наведе Зеленски.

Тој додаде дека разговарал со претседателот на Финска, Александар Стуб за мировниот процес и оти побарал поголеми меѓународни санкции со цел да се зголеми притисокот врз Русија.

-Соработуваме со партнерите за да извршиме притисок врз Русите за се однесуваат поинаку. Санкциите се важни и благодарен сум на сите што ги прават поопипливи за сторителите на војната, наведе Зеленски.

Ново на Сител