Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди руското бомбардирање на Украина, во кое во текот на ноќта во Киев загинаа најмалку девет лица, и притоа ја повика Русија „веднаш да ги запре“ нападите.
„Поминаа 44 дена откако Украина се согласи на целосен прекин на огнот и прекин на воздушните напади… И поминаа 44 дена откако Русија продолжува да го убива нашиот народ“, изјави украинскиот лидер на мрежата X.
Тој додаде дека „воздушните напади мора веднаш и безусловно да се прекинат“.
Зеленски рече дека ја прекинува посетата на Јужна Африка и се враќа дома откако Русија го нападна Киев.
Русија синоќа истрела 70 проектили и 145 беспилотни летала врз шест региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
Воздухопловните сили „откриле и следеле 215 непријателски воздушни цели“, од кои 112 биле уништени, се наведува во соопштението на Телеграм.
Ново на Сител
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци
-
Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа
-
Вчерашното невреме предизвика големи штети во струмичко
-
Приведен млад кавадарчанец, крадел пари од црква и украл донација за болно дете
-
Денес е Духовденска задушница
-
Попладне можност за дожд и грмежи