Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се надева оти успехот на демократите на американските меѓуизбори ќе резултира со поголема помош за Украина во војната против Русија што трае веќе четири и пол години.
Во интервју за германската телевизија „Зе-Де-Еф“, Зеленски рече дека се надева оти промените, што би следувале доколку демократите следната година ја преземат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, ќе бидат во корист на Киев.
„Благодарен сум и на републиканците, но демократите многу јасно зборуваат за поддршка и помош за Украина“, рече Зеленски во изјава што „Зе-Де-Еф“ ја објави на германски јазик пред емитувањето на целото интервју.
„Тие зборуваат за обновување на врските меѓу САД и Европа… Затоа постои надеж дека ќе се воспостави рамнотежа на силите и дека ќе добиеме поголема поддршка“, додаде тој.
Зеленски оцени дека поголемата американска помош би можела да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин.
„Ако Конгресот сега зборува за силна финансиска или воена помош, како што тоа денес го прави и го покажува Европа, тогаш тоа ќе биде позитивен чекор што ќе влијае врз Путин“, пренесе „Зе-де-Еф“ дел од неговата изјава.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
