Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева дека „заедничката сила“ на Украина со своите американски и европски колеги ќе ја принуди Русија да склучи мир.
„Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон доцна синоќа.
„И се надевам дека нашата заедничка сила со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принуди Русија да склучи вистински мир“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп, од своја страна, веднаш по пристигнувањето на својата платформа Truth Social испрати порака до украинскиот претседател дека „Зеленси може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори“.
„Се сеќавате како започна. Нема враќање на Обама со давањето на Крим (пред 12 години, без да се испука ниту еден куршум!), и НЕМА ВЛЕГУВАЊЕ ВО НАТО ОД СТРАНА НА УКРАИНА“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје