Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е најдобра за неговата земја во последните 10 месеци, додавајќи дека украинските сили успешно ја одбиле руската офанзива минатиот месец.
„Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствијата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега едноставно ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, рече Зеленски, преку денешното соопштение од неговиот кабинет.
„Општо земено, линијата на фронтот се држи. Ситуацијата е комплицирана, но најдобра во последните 10 месеци“, додаде тој, повикувајќи се на украинските и британските разузнавачки служби.
Украинскиот лидер рече дека ги поканил американските преговарачи да го посетат Киев за време на виртуелен состанок претходно оваа недела и дека слушнал „позитивни сигнали“ како одговор на неговиот предлог.
Тој ги покани со цел да ги обноват преговорите со Москва за прекин на конфликтот во Украина, кои се прекинати откако избувна војната на Блискиот Исток, рече Зеленски, пренесуваат француските медиуми.
„Ја поканив американската делегација задолжена за преговорите во Киев. Делегацијата ќе направи сè што е во нејзина моќ да дојде во Киев во сегашните околности, за време на војната со Иран“, рече украинскиот претседател, чии изјави беа под ембарго до денеска.
„Ова е алтернатива на трилатерален состанок на ниво на технички работни групи. Американската група може да дојде кај нас, а потоа да замине за Москва“, додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
-

Хегсет побара од началникот на Генералштабот на американската армија да поднесе оставка
-

Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
