Зеленски: Со претседателот Трамп ќе бидат разгледани најчувствителните прашања од мировниот план

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека предложениот мировен план, кој моментално се разгледува со САД и Европа, содржи „правилни точки“, но дека чувствителните прашања ќе бидат дискутирани директно со американскиот претседател Доналд Трамп.
Во своето вечерно видеообраќање Зеленски посочи дека по преговорите во Женева бројот на точки се намалил од 28 и дека во новата рамка се вклучени многу „правилни елементи“.
-Во моментов, по (разговорите во) Женева, точките се помалку, повеќе не се 28, а многу точни елементи беа вклучени во оваа рамка, рече Зеленски. – Нашиот тим уште денеска извести за новиот нацрт на чекорите и ова е навистина правилниот пристап. Чувствителните прашања, најделикатните точки, ќе ги разговарам со претседателот Трамп, додаде тој.
Зеленски додаде дека процесот на подготовка на конечниот документ ќе биде тежок и дека Украина ја цени поддршката од другите земји, како и „конструктивниот пристап“ на САД.
Зеленски предупреди дека во интерес на Русија е нарушување на мировниот процес и апелираше украинските граѓани да обрнат особено внимание на предупредувањата за воздушни напади во наредните денови и недели.
Тој нагласи дека доколку продолжат преговорите за прекинување на војната, „не смее да има ракети, ниту масивни напади врз Украина и нашиот народ, а тоа е нешто што силните во светот можат да го гарантираат“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
