Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
Ако навистина сакаме да постигнеме мир во Украина потребна е средба на лидерите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната заедничката прес-конференција со претседателите на Европска комисија и на Европски совет, а домаќин беше премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
Зеленски наведе дека се надева оти наредните денови ќе разговара со претседателот на САД, Доналд Трамп за одлуката на Вашингтон да ја ограничи испораката на дел од воената помош за Киев.
Претседателот на Украина ја повика ЕУ да продолжи да обезбедува средства за одбраната на неговата земја од каматата од запленетиот руски имот.
Зеленски, исто така, побара поригорозни санкции за Русија.
– Украина направи сè што е потребно за да започне преговори за приклучување кон ЕУ. Време е да се почне со преговори, истакна Зеленски.
Фредериксен посочи дека „европското семејство нема да биде комплетно без Украина“.
– Мора да престанеме да размислуваме за помошта за Украина како за подарок, посочи Фредериксен.
Додека претседателката на ЕК најави дека ЕУ ќе му обезбеди на Киев два милиони гранати до крајот на годината. Урсула фон дер Лајен прецизираше дека муницијата ќе биде обезбедена од каматата на запленетиот руски имот.
Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта наведе дека „Русија е закана не само за Европа“. Тој изрази разочарување што Москва не само што не ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување праведен и траен мир во Украина, туку дури и ја ескалира војната.
Ново на Сител
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови