Македонија
12. May 2017 - 17:09

ЗЕЛС апелира до понеделник да се најде решение за локалната самоуправа

ЗЕЛС по втор пат со апел до политичките партии. Откако немаше одговор на барањето во вторникот, сега управниот одбор бара  под итно до понеделник да најдат начин за одржување на собраниска седница и измена на законот за локални избори за да не дојде до целосна блокада на локалната самоуправа.

Претседателот на ЗЕЛС вели дека има позитивна атмосфера, но без финалниот потег работите остануваат нејасни.

Управниот одбор на ЗЕЛС во понеделник повторно ќе седне на иста маса. Се надеваат дека до тогаш собранието ќе најде решение за општините да продолжат да функционираат до одржување на нови избори.