Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица

СВР Битола поднела кривична пријава против три лица кои земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка.
-Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ - соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 09 март 2026 година, како што посочуваат од МВР, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна операција и ѝ побарале пари, по што таа од нејзиниот дом зела околу 150.000 илјади денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и златен накит и ги предала на пријавените.
Ново на Сител
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
