Земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, велат агрометеоролозите
Земјоделските производители да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, зашто високите температури значително влијаат на нивото на влагата во почвата, предупредуваат агрометеоролозите. Топлото време, посебно најавениот бран со над 40 степени што се најавува за претстојната недела ќе се одрази, велат, и врз повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат.
Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Како што објаснуваат агрометеоролозите, сончевото и топло време беше поволно за зреење на црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус - созревање, која е, исто така, мошне значајна.
-Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Земјоделското производство има потреба од нови, пообилни врнежи дожд кои би ја зголемиле влагата во почвата. Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 сатепени, а наместа се очекува да надмине и 40 степени. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Овие температури ќе влијаат негативно врз земјоделските култури со тоа што доаѓа до интензивна евапотранспирација, при што почвата брзо се суши и поизразено ја губи почвената влага. Земјоделците треба да продолжат со грижата за посевите и со изведувањето работи во поле, со наводнување, уништување на плевелите, заштита од појава и развој на болести и штетници, редовно следење и примена на други агротехнички мерки, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-
Приведени две лица, одземено товарно возило, запленета стока | ФОТО
-
Гаши денеска стабилен
-
Приведени двајца скопјани, агресивно се однесувале кон вработените во Градската општа болница „8 Септември“
-
Повеќе од 24 часа исчезната е прилепчанката Билјана, семејството моли за помош | ФОТО
-
Сијарто: Пристапувањето на Украина во ЕУ нема да ја зајакне Украина, туку ќе ја доведе Унијата во војна
-
Поранешен чувар во амбасадата на САД во Осло обвинет за шпионажа за Русија и Иран
-
Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје