-->
-->
Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-->

Западна Грција денеска беше погодена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван силно, но не траел долго.
Исто така, очевидци наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана, пренесува Танјуг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
