Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ

Цената на нафтата денеска повторно се зголеми по веста дека е нападнато најголемото пристаниште и централно складиште за нафта во Обединети Арапски Емирати, Фуџаира.
На берзата во Лондон цената на нафта од марката Брент по 18 часот се искачи на 115 долари по барел, што претставува повеќе од пет проценти во однос на почетокот на денот.
Претходно, на берзата во Лондон цената на нафта од марката Брент се зголеми за 2,44 долари во однос на петокот и се продаваше за 110,61 долари. Додека на американските берзи цената на нафта забележа раст од 1,38 долари и барел се тргуваше за 103,32 долари.
Нафтоводот од нафтените полиња во Абу Даби води до рафинеријата Фаџаира, што овозможува ограничени количини сурова нафта да се товари на танкери и да се извезува на светските берзи, дури и кога е делумно блокиран преминот низ Ормуска Теснина.
Претходно, властите на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека во индустриската зона Фуџаира избувна пожар по „напад со дрон, произведен во Иран“. Во нападот повредени се тројца државјани на Индија.
ОАЕ претходно во текот на денот издадоа уште едно предупредување за ракетен напад. Тоа е второ предупредување денеска, а изминатите недели не беа издадени никакви предупредувања откако стапи на сила договорот за прекин на огнот со Иран.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало три ракети од Иран.
MИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
