-->
-->
Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-->
61-годишна жена од Велес била касната од пајак црна вдовица додека работела во поле во велешкото село Еловец. По каснувањето почувствувала силни болки во раката и грбот, вртоглавица и грчеви низ целото тело, по што била примена во Ургентниот центар во Велес.
Лекарите ѝ укажале итна медицинска помош, а по консултација со Клиниката за токсикологија во Скопје, таа била префрлена на понатамошно лекување. Пајакот бил донесен во болницата, каде што лекарите потврдиле дека станува збор за црна вдовица.
Од Велешката болница велат дека не паметат ваков случај во последните четири децении. Црната вдовица живее во карпестите предели на Велешко, а нејзиниот отров е силен невротоксин кој може да предизвика силна болка, мускулни грчеви, потење и мачнина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
