Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
Жените во охридско струшкиот регион се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството.
За само една недела во подрачјето на СВР Охрид пријавени се три случаи, во првото тромесечје од оваа година евидентирани се 18 случаи на семејно насилство додека во истиот период лани бројот изнесувал 7.
Првиот контакт што го прави жртвата на семејно насилство речиси во сите случаи е пријавата во полициска станица.
Од охридската полиција најавија дека стартуваа со превнтивна кампања со граѓаните се со цел подигање на јавната свест за превенција и заштита од семејно насилство .
Портпаролот на СВР Охрид Димоски вели дека нулта е толеранцијата кон сторителите на овие кривични дела и против нив се преземаат соодветни законски мерски.
Во текот на првото тромесечје од оваа година поднесени се 10 кривични пријави против 10 сторители додека минатата година во истиот период има 4 кривични пријави против 4 лица за семјно насилство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
