Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка

Жител на скопското село Идризово, обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка, бил лишен од слобода.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека синоќа во 20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделението за насилен криминал при СВР - Скопје лишиле од слобода лице на возраст од 57 години.
- Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешен партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што, наводно, ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци, додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош, појаснија од МВР.
По пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен бил записик за примање на пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик и вчера во угостителски објект во Скопје, таткото бил лишен од слобода, откако, претходно, како што појаснија од МВР, примил крим-технички обработени 200 евра од пријавителот.
Ново на Сител
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
-

Забрана за камиони на Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
