Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните
По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот.
По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.
- Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии“, се наведува во кусата информација до јавноста која ја дадоа по телефон за дописникот на МИА.
Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
