Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури

Животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со летните горештени се справуваат со свежа вода, полесна храна и дебела сенка, истакна денеска Зоран Божиков, доктор по ветеринарна медицина.
Тој вели дека како кај луѓето, така и за животните при вакви летни температури се бара дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува, за да биде секогаш свежа.
- Тука пред сѐ ќе спомнам промена во самиот режим на исхрана. Животните се хранат во раните утрински часови, храната е полесна во однос на зимскиот период, преовладува храна која што е богата со течности, мислам овошје и зеленчук и слично. Друга важна работа е што на животните дел од објектите кои што се тука во ЗОО парк „Бриони“ во дел од објектите има инсталирано и автоматски подлоги, кои што се приклучени на водоводната мрежа, така да во тие одгледувалишта животните имаат 24 часовна достапност до свежа пивка вода. Во оние каде што нема, значи во садовите им се често пати менува водата. Потребна е повеќе количина на течности. Понатаму самата конфигурација на теренот е таква да изобилува со доста дрва со големи крошни, кои што формираат природна и длабока сенка и на тој начин спречува диркетно влијание на сончевите зраци до самите животни, што е исто така голема поволност за нас и самите живоните - изјави Божиков.
Освен основната грижа, за некои животни се потребни и посебни услови за полесно да ги поднесат жештините. За патките и шатките се обезбедуваат базени со свежа вода, виетнамските прасиња имаат места за разладување, мајмуните, пак, имаат климатизирани простории.
- Некои од животните ќе споменам дека се посебно осетливи на високи температури. Домашната живина, како патки, шатки, тие имаат посебно базен во кој што често пати се менува водата за да има е секогаш свежа и поладна. Во склоп на ЗОО паркот имаме виетнамски свињи кои што исто така се доста осетливи на високи температури и во нивните живеалишта, кои што се во комбинација на бетонски и земјен дел, во земјениот дел се прават калишта во кои што тие влегуваат и се разладуваат. Мајмуните, исто така, се сместени во објекти од цврста градба во кои што има инсталирано електрични уреди, односно клима уреди во кои што се климатизира внатрешноста на објектот - појаснува Божиков.
Тој посочува грижата за животните трае во текот на целата година, а посебно внимание се посветува и на нивното здравје. Во летните месеци дополнително се следи нивната состојба и се преземаат мерки за полесно справување со високите температури.
МИА
Ново на Сител
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
