Македонија
17. February 2016 - 19:13

Журнал: Алексов со идентичен став за изборите како СДСМ

Порталот Журнал тврди дека Дарко Алексов од МОСТ денес излезе со идентичен став за изборите како и Зоран Заев. Тој посочи дека нема услови за избори, без притоа да даде валиден и издржан аргумент и застапи политички став и проценка идентична со онаа на СДСМ

Според порталот ваквото противење на Алексов на изборите, можеше да се очекува со оглед на тоа што Алексов е маша во рацете на СДСМ и СОРОС кој се и негови главни финансиери, тврди Журнал.

Во текстот Журнал потсетува дека првиот човек на МОСТ Дарко Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет.

Според порталот институциите на државата треба детално да ги прочешлаат милионите кои ги врти оваа организација како и личниот имот на Алексов.

Како што пишува Журнал невладината МОСТ чиј што прв човек е Дарко Алексов, влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.

Порталот заклучува дека ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.