Зибери: Граѓаните се уште немаат доверба во безбедносните служби, реформите не ги дадоа посакуваните резултати
Има напредок но реформите во безбедносниот систем не се целосно заокружени оцени претседателот на државата. Според Пендаровски народниот правобранител има овластување да бара одговори од власта по преставки на граѓани и да врши увид во класифицираните информации на безбедносните служби.
По големите афери и негативни искуства од прислушувањата во минатото, како земја кандидат за ЕУ имаме одговорност да воспоставиме контрола над овие инситутции со што ќе ги гарантираме човековите права и слободи на граѓаните истакна Пендаровски.
Граѓаните не се чувствуваат безбедни во својата приватна комунација и немаат доверба во безбедносните служби оценува народниот правобранител бидејќи нема соодветен мониторинг. Очекувањата биле големи по реформите, но резултатите не се постигнати.
За тоа колку се отчетни безбедносните служби кон институциите кои законски треба да вршат контрола во нивното работење, говори и фактот што на оваа меѓународна конференција не присуствуваа претставници од АНБ.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
