Македонија
20. October 2026 - 9:49

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за шверц на златен накит вреден четири милиони денари, кој сопственик на златара од Тетово се обидел нелегално да го внесе во државата, скриен во перница за врат.

Златото било откриено при контрола на автобус кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинење, по што царинските службеници извршиле детален преглед.

При контролата, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот биле пронајдени 77 парчиња златен накит со вкупна тежина од 612 грама, проценети на четири милиони денари.

Според Царинската управа, во предистражната постапка биле обезбедени докази дека тетовчанецот го купил накитот од златарска работилница во Истанбул, со намера нелегално да го внесе во Македонија и потоа да го продава во сопствената златара.

Златниот накит е запленет, а против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривичното дело „криумчарење“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)