Loading Video...
Кошарка
22. March 2022 - 9:43

Значајна победа на Лејкерси во трка за место во плејофот

Најинеизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата го одиграа екипите на Далас и Минесота. 
 
Победа забележаа домаќините со 110-108. Со оваа победа Мавси ја прекинаа својата негативната низа од два порази, а воедно и успешната низа на Мииесота која до овој натпревар имаше четири победи во серија. 
 
Овојпат, Лука Дончиќ не беше најиефикасниот играч на Далас. Тој примат го понесе Канаѓанецот, Двајт Пауел кој реализира 22 поени, додека Словенецот, средбата ја заврши со дабл-дабл со 15 поени и 10 асистенции. 
 
Значајна победа забележаа и ЛА Лејкерси. 
 
Во трка за местата кои носат во разигрувањето, односно плејофот, Лејкерси славеа на гостувањето кај Кливленд со 131-120. 
 
Леброн Џејмс дуел го заврши со трип-дабл. На 38-те поени Леброн придодаде 12 асистенции и 11 скокови, а овојпат значајна подршка имаше од Расел Бестбрук кој покрај 20-те поени имаше и 11 асистенции.