-->
-->
ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
-->

Првиот тренинг во спуст за жени на Олимписките игри 2026 година во Кортина д'Ампецо е откажан, објави „Газета дело Спорт“.
Организаторите одлучиле да го откажат денешниот тренинг поради обилни снежни врнежи.
- Со оглед на времето, мислам дека дефинитивно ќе има одложувања или промени во следните неколку дена. Сигурна сум дека времето ќе биде прекрасно на денот на натпреварувањето, забележа Алис Робинсон од Нов Зеланд.
Тренинзите се закажани за 5, 6 и 7 февруари, а натпреварот треба да се одржи в сабота, 8 февруари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
