ЗП донесе одлука за иницијатива за свикување вонредно собрание
На денешната седница на здружението на прволигашите донесена е одлука да се покрене иницијатива за свикување на Вонредно Собрание.
Откако првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски не ги исполни барања на прволигашите, претставниците на клубовите на денешната седница на Здружението се договорија да покренат иницијатива за свикување на Вонредно Собрание.
Прволигашите се револтирани бидејќи нивното барање до Управниот Одбор при МКФ не беше прифатено. Клубовите од Наумоски побараа сами да ја водат Првата лига, изборот на комесар за натпреварување така биде нивни и таксите за регистрација на странските играчи да бидат вратени по стариот ценовник.
За да се закаже Вонредно Собрание мора да се соберат 1/3 од потписите и истото може да се свика во рок од 14 дена.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар