Зверев е подобар од Ѓоковиќ

Шпанскиот тренер Тони Надал направи споредба на дел од најдобрите тенисери во светот и истакна Александар Зверев во моментов е подобар играч од Новак Ѓоковиќ. Германецот Зверев одигра полуфинале на Австралија опен и сервираше за победа против Карлос Алкараз во решавачкиот сет, но „го снема“ во решавачкиот момент.
Зверев има ментален проблем, тој мисли само на победа. Кога сервираше за победа над Алкараз тој доживеа брејк. Неговиот најдобар удар сервисот не успеа, иако претходно губеше и успеа да се врати, истакна Тони Надал.
Тој смета Зверев да победел против Алкараз, во финалето ќе го совладал и Ѓоковиќ и би ја освоил посакуваната титула на Гренд слем турнир, што ќе има големо влијание на неговата игра бидејќи постојано игра со голем притисок на овие турнири.
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
