Зверев: Очигледно не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен, победувајќи го денеска во финалето Александар Зверев со 6:3, 7:6 (7:4), 6:3. Германскиот тенисер по мечот му ја честиташе победата на Синер.
-Ти си најдобриот играч на светот, посакувам да бев поконкурентен. Честитки за тебе и твојот тим, никој повеќе од тебе не го заслужува овој трофеј, рече Зверев.
Германскиот тенисер третпат во кариерата е поразен во финале на Гренд слем турнир.
-Очигледно е дека не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј. Таква е ситуацијата. Ви благодарам на сите што сте со мене. Не би бил тука без вас. Ова е најдобриот турнир во светот. Немате идеја колку сме тешки ние играчите, а тие ги исполнуваат сите наши барања. Благодарам и на навивачите, ме туркавте до финалето, не знам дали некогаш ќе го освојам овој трофеј, но ќе продолжам да се трудам, заклучи Зверев.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
