Македонија
4. September 2025 - 13:44

10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон

На 03.09.2025 во 21:10 часот во СВР Скопје, Б.Н.(37) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.