Македонија
1. August 2025 - 16:38

10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука

24-годишниот Марко од Скопје има еден сон да стане пилот. Тој веќе го помина првиот тест и е поблизу до остварување на неговата цел. Дел е од новата генерација на млади ентузијасти кои добија државната субвенција за воздухопловна обука. Во ера на недостаток на кадар за оваа професија, крајната цел на Марко е да гасне шумски пожари, управувајќи со најсложениот воздухоплов ер-трактор.

Нашите пилоти на ер тракторите коишто морам да признаам дека ги обожавам, секој ден зборам со нив, и многу се гордеам со тоа што го прават. Многу ги почитувам, и се надевам дека ќе можам јас да им помагам.“, изјави Марко, кандидат за пилот.

Крајната дестинација на поле воздухопловство, за Александар Чавлевски е капетан на комерцијален авион. Веќе секојдневно ги проучува прирачниците за летање и положува тестови. Па, ако упорноста остане неговиот показател, не се изненадувајте ако токму тој за некоја година Ве поздрави од пилотската кабина на Вашиот лет.

Уште од мали нозе имам желба да станам пилот. Ова ми е една одлична можност да го започнам својот сон. За почеток, за сега, апплицирав за едрилици. Сметам дека се основи за летањето да може да се стекне. Понатака би сакал и мојата иднина ја гледам во капетан на комерцијален авион“. Александар Чавлевски, кандидат за пилот.

Состојбата со воздухопловен персонал во државата е критична. Но, и да се стане пилот во нашата држава е прилично скапо. Пример, само почетничка обука за приватна лицена за пилот“ чини 8.400 евра. Токму поради ваквите фактички состојби, се потегна конецот за кофинансирање на 50% од обуките за пилоти. Тоа значи дека Агенцијата за воздухопловство со овој повик ќе покрие 4.200 евра за кандидатите, а преостанатите трошоци од 4.200 евра сами ќе си ги платат.

Со ова не само што ќе создадеме нови воздухопловци сметаме дека ќе ги раздвижиме активностите и во спортските клубови и спортските аеродроми кои низ годините соочувајќи се со финансиски проблеми и нерешени имотно-правни односи не помогнати од државата полека замираат“, Драги Стојановски, директор на Агенција за воздухопловство

Властите најавија дека субвенционирањето ќе продолжи и догодина за понапредни обуки.