Loading Video...
Македонија
7. November 2026 - 17:19

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје

Бугарската шефица на дипломатија вели, ставот на Бугарија е јасен, спорот не е билатерален, а за Македонија да напредува на европскиот пат мора да го напушти антибугарскиот наратив.

Нетипчно е да има медијатор помеѓу земја членка на Европската Унија и земја кандидат за членство за договори кои не се од билатерален карактер, туку се усвоени и одобрени на европско ниво.

Важно е од Република Северна Македонија да се види подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски, што досега беше главен.

Се надеваме дека ќе ја пронајдат политичката логика и пристап што ќе им овозможи да го базираат своето членство на различна теза од антибугарската, вели Петрова-Чамова.

Во меѓувреме во Скопје измантите два дена без успех заврши уште еден состанок на историската комисија.

Според соопштението од бугарските историчари кое го пренесуваат тамошните медиуми, историчарите на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде претставена во учебниците по историја.

Без одговор останал и бугарскиот предлог за заедничко одбележување на 120-годишнината од смртта на Даме Груев, која се навршува во декември годинава.

Иницијативата повторно беше „отфрлена во молк“ од членовите на Комисијата од Република Северна Македонија.

Наместо тоа, тие прочитаа претходно подготвен текст за заедничко одбележување на отпорот против антисемитизмот, фашизмот и националсоцијализмот што започна во двете земји во 1941 година.

Предлогот беше отфрлен со аргументот дека овој отпор е почитуван низ цела Европа и не треба да биде ограничен само на двете земји, а Комисијата сè уште е фокусирана на прашања од 11 век, стои во соопштението на бугарските историчари.

Од македонска страна засега нема информации за тоа како поминал последниот, 5-ти состанок за оваа година.

Работата на комсијата повеќе години тапка во место, а тоа го потврди и последниот извештај на Европската комисија  каде пишува дека четирите средби одржани во периодот од септември 2025 до март 2026 година не донеле конкретен напредок.

Следната средба на историчарите е закажана за почетокот на декември во Софија.