10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави

На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата „Бранко Богдански Гуцман" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.О. (19) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел" со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.О., при што констатирале дека го управувал возилото без возачка дозвола.
На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.И.(27) од с. Требош. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „порше“ со тетовски регистарски ознаки и било констатирано дека Р.И. го управувал возилото без возачка дозвола.
На 08.02.2026 во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље-Струга, од слобода е лишен А.З.(20) од струшкото село Франгово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „поло“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 06.02.2026 во 20:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.К.(32) од Скопје. При контрола во сообраќајот на крстосница од ул.„Даме Груев“ со ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.К. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 07.02.2026 во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, од слобода е лишен Ф.В.(21) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит.
На 07.02.2026 во 22:00 часот, на улица „Ристо Попов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Х.Д.(21) од Чашка. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола..
На 07.02.2026 во 16:10 часот, во село Сојаклари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.И.(27) од Велес. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, а сообраќајната дозвола на возилото била со измината важност.
На 07.02.2026 во 22:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.С.(22) од с.Тркање, кочанско. При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 14:10 чaсот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Н.Т.(36) од с.Тработивиште, делчевско. При контрола во сообраќајот на бул.„Македонија“, полициски службеници запреле патничко возило „југо“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
На 07.02.2026 во 21:57 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.А.(39) од с.Горни Балван, општина Карбинци. При контрола во сообраќајот на регионален пат село Радање – село Карбинци, полициски службеници запреле патничко возило „даеву ланос “ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.А. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По добиени насоки од јавен обвинител, возилaта се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
