Македонија
8. February 2026 - 13:38

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице

На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници.

При тоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол. Од слобода е лишена 20-годишна вработена во објектот поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 204 од КЗ - „точење алхолни пијалоци на малолетници“, известен е Државниот пазарен инспекторат и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Ново на Сител