Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
Конечно е решена судбината на последниот голем државен загубар наменската фабрика од воената индустрија Еурокомпозит од Прилеп. После 15-тина години голгота, штрајкови, блокади, неземени плати со години Еурокомпозит го купи македонско - полскиот конзорциум составен од компаниите ФУТУРА МОДА Д&А ДООЕЛ од Скопје и полската фирма FHR ARMOR LOGISTICS.
Стечајниот судија Јасмина Шишковска Стојковиќ на 24.12.2025 година го носи решението за Планот за реорганизација на компанијата која е во стечај. Новите инвеститори се согласите да платат 65% од утврдените побарувања на доверителите односно веќе ја исплатиле првата рата од околу 1,2 милиони евра, а останатите 3 рати треба да ги исплатат во наредните 3 години, односно до крајот на 2028, кога полскиот инвеститор ќе стане и комплетен сопственик на Еурокомпозит.
Поранешните вработени велат дека иако барале 100% морале да се задоволат со 65% од побарувањата.
„Малку беше исплатата од 65% што го исплатија, меѓутоа бевме ставени во ситуација земи или остави. Ако не го прифатевме овој договор што го нудеа ни се закануваа со ликвидација, а ликвидација знаете што значи, немаше да земиме ни грош. Од неофицијални извори знаеме дека ќе се правеле шлемови, панцири, можно е и дронови, тие не се сигурни извори, но полскиот конзорциум што ја зеде сигурно има некој план, а плус најавуваат нови 150 вработени“, изјави Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.
Во фабриката веќе се гледа раздвиженост дека веќе се расчистуваат полела погоните и просторит. Став за продажбата побаравме и од Владата, но засега немаме добиено одговор. Очекуваме повеќе информации и детали за купродажбата на Еурокомпозит да има во периодот кој следува.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
