Македонија
8. January 2026 - 16:35

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите

На стотина жители од Кичево целосно им се уништени домовите по вчерашните обилни дождови. Бидејќи во моментов нема услови да живеат во нивните поплавени куќи, сместени се во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. По вчерашното излевање на реката во очај велат дека се оставени без ништо, ниту функционален дом, поплавена им се цела опремнина, немаат каде да одат со нивните деца.

По поплавите, откако беа сместени во спортската сала, денеска ги посети градоначалникот на Кичево. Тој вели дека им се обезбедни душеци, греење и храна. Поради големото количество на вода службите не можат да влезат со механизација да го расчистат теренот. Формиран е кризен штаб, ќе ги посетуваат лекари два пати дневно и ќе бидат ангажирани хигиеничарки од општината да ја одржуваат хигиената.

Планот на општината е откако ќе се повлече нивото на реката, да се направи конечно насип за да не се излева реката при обилни дождови. На неколку години при непогодно време, постојано им се поплавуваат домовите на овие жители бидејќи живеат многу блиску до реката.

Во евакуацијата на жителите учествуваа општината, ДЗС, Црвениот Крст и службите од Кичево.

Жителите од ова место бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.