11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на експресниот пат Прилеп - Градско, каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
Како што информира Јавното обвинителство, во несреќата автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.
Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете, кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.
Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.
Од местото се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.
Ново на Сител
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп