11 лекари ќе специјализираат во Белград и Загреб
Македонски лекари ќе специјализираат во Србија и Хрватска. Десет ќе престојуваат во Белград, а една докторка ќе го доусовршува знаењето во Загреб. Опфатени се 7 специјалности, офталмологија, гинекологија, анестезиологија, трауматологија, интерна медицина, дигестивна и општа хирургија. Повеќето од избраните доктори се од болници од внатрешноста. Целта според министерството за здравство е по враќањето да се зајакнат специјалистичките служби во матичните установи. А во прилепската болница за прв пат ќе има дигестивен хирург.
Специјализантите уверуваат дека знаењето кое ќе го стекнат ќе го применуваат да им помогаат на сограѓаните.
Сместувањето и неопходните трошоци ќе ги покрива министерството за здарвство. Воедно ќе добиваат и плата. Ианку по долгиот застој, од 2012 досега се овозможени над 1000 специјализации.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
