Македонија
6. February 2026 - 11:47

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници

На 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода  Д.К.(27)  од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што  констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено.

На 05.02.2026 во 12:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.Н.(28) од с.Гостиражни, општина Долнени.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што констатираче  дека го управувал возилото пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.

На 05.02.2026 во 19:30 часот на патот Ресен-с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен  лишиле од слобода  15- годишник од Штип. При контрола во сообраќајот, полициските службеници  сопреле патничко возило „мазда" со ресенски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено. 

На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено. 

На 05.02.2026 во 14:30 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола, односно без положен возачки испит.

На 05.02.2026 во 16:25 часот  на регионален пат кај крстосница за село Ѓавато, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Богданци. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи биле одземени. 

На 05.02.2026 во 14:50 часот на локалниот пат с.Пиперево - с.Василево, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Пиперово, општина Василево. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.

На 05.02.2026 во 19:00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица сопреле товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.П.(33) од с.Баница, струмичко.  Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.   

На 05.02.2026 во 10:15 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија.

Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

На 05.02.2026 во 13:45 часот на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.В.(32) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.В., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија.

Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

На 05.02.2026 околу 09:25 часот на регионален пат во с.Драслајца, струшко, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(32) од с.Корошишта, струшко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.