13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство

Andrew Ritchie/The West Australian and Madelin Hayes/South Western Times
Тринаесетгодишно момче од Австралија е прогласено за херој по исклучителен чин на храброст што се случил крај брегот на Географ Беј.
Момчето било на вода заедно со својата мајка (47), помалиот брат (12) и сестрата (8), кога силен ветер и струи ги однеле далеку од брегот. Со влошувањето на временските услови, семејството почнало опасно да се оддалечува од копното.
Сфаќајќи дека се во сериозна опасност, момчето донело одлука во последен момент. Откако неговиот чамец почнал да прима вода, тој скокнал во морето и започнал да плива кон брегот.
Во екстремни услови, низ студена и немирна вода, пливал речиси четири часа, поминувајќи околу четири километри. На почетокот носел појас за спасување, но во еден момент бил принуден да го извади за да може да продолжи.
Иако целосно исцрпен, тинејџерот успеал да стигне до брегот и веднаш да ја алармира спасувачката служба. Благодарение на информациите што ги дал, спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и спасат неговата мајка и братот и сестрата, кои со часови биле заглавени на отворено море.
Надлежните институции ја пофалија неговата исклучителна храброст и издржливост, нагласувајќи дека токму неговиот подвиг бил клучен за спасувањето на животите на целото семејство.
Ново на Сител
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
